Изборот е направен од над 36.000 гласови од јавноста и 13 членови на жири комисија 🏆

ПОБЕДНИЦИ 2025

Изборот е направен од над 84.734 гласови од јавноста и 12 членови на жири комисија

ПАРТНЕРИ НА НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА Е-ТРГОВИЈА ЗА 2025

Е-трговијата сè повеќе бара брзи и флексибилни начини на плаќање, а плаќањето на рати со Diners е решение што им овозможува на купувачите да ја распределат сумата на повеќе месечни рати. Тоа го прави купувањето подостапно, особено за производи и услуги со повисока вредност.

За е-трговците, имплементацијата е едноставна – преку банка или платежен процесор, со можност и за интеграција преку cPay од CaSys. Diners лесно се додава како опција на checkout, без значајни промени во постоечкиот payment процес. Резултатите се видливи брзо: повисока конверзија, помалку напуштени кошнички и поголема просечна вредност на нарачките, додека купувачите добиваат поголема флексибилност и контрола.

Халкбанк како долгогодишен партнер на е-трговијата во Македонија, континуирано ги поддржува иновациите и развојот на дигиталните бизниси, овозможувајќи сигурни и модерни платежни решенија.

При онлајн купување кај трговците на Халкбанк, корисниците добиваат 3% бонус поени, како дополнителна вредност за нивното искуство.

Еуролинк осигурување е компанија за неживотно осигурување со 23 години искуство на македонскиот пазар, дел моќната ГРАВЕ групацијата од Грац, Австрија – една од најзначајните осигурителни групации во регионот со речиси 200 години традиција.

 

Еуролинк континуирано ги надградува своите услуги со цел да обезбеди квалитетни осигурителни решенија и врвна услуга за граѓаните и бизнисите. Најново од Еуролинк е нов и подобрен веб-шопот за ДОМИ Комплет станбеното осигурување, кој овозможува склучување полиса целосно онлајн, во само неколку чекори.

Халк Осигурување го поддржува развојот на доверлива и одржлива дигитална економија, во која сигурноста претставува основа за раст и иновации. Преку својата осигурителна експертиза и партнерски пристап, компанијата придонесува кон зајакнување на довербата меѓу бизнисите и корисниците во онлајн просторот. Водени од принципот „Градиме сигурност“, Халк Осигурување заедно со АЕТМ работи кон создавање стабилна и безбедна средина за развој на е-трговијата и дигиталното претприемништво во земјата.

Со најголем број на испорачани пратки, широка мрежа на хабови и современ систем за управување и следење на пратки, ЕЛС се позиционира како најголемата приватна пошта во Македонија. Преку континуирани инвестиции во технологија и подобрување на услугите, компанијата поставува нови стандарди и обезбедува сигурна поддршка за бизниси и е-продавници.

 

Како дел од својата стратегија за раст, ЕЛС ги проширува услугите и со меѓународна достава, отворајќи нови можности за компаниите што работат со странски пазари. Воедно, преку партнерството со ЕФЦ – првиот современ фулфилмент центар во Македонија, се овозможува целосно интегриран логистички процес – од складирање и обработка до брза и сигурна испорака до крајните клиенти.

Еко Фулфилмент Центар е § Во рамки на центарот се извршуваат сите клучни процеси: складирање на роба и артикли, сортирање, селекција на нарачки, професионално пакување и организирана испорака до крајните клиенти. Целиот процес е под 24-часовен мониторинг, што обезбедува сигурност, контрола и транспарентност во управувањето со робата и нарачките.

 

Систематизираниот процес минимизира ризици и овозможува ефикасна обработка и на покомплексни нарачки, додека компаниите можат да се фокусираат на растот и развојот на својот бизнис. Преку партнерството со ЕЛС се обезбедува брза и сигурна испорака до крајните клиенти.

Ecommerce Awards
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.