ГИ СЛАВИМЕ НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА Е-ТРГОВИЈА
ЗА E-COMMERCE AWARDS
E-commerce Awards е високо реномирана иницијатива која ја препознава и наградува извонредноста во македонската е-трговија од 2020 година, годинава одбележувајќи го своето 5-то јубилејно издание.
Целта на иницијативата е да го поттикне натпреварувачкиот дух, да ги промовира најдобрите практики и да го унапреди растот и развојот на е-трговијата во земјата. Со темелна методологија развиена според глобалните стандарди, секоја година се избираат најдобрите е-трговци, земајќи ги предвид гласовите на јавноста и оценките од внимателно избрана, професионална жири комисија.
ФАЗИ НА НАТПРЕВАРОТ
ФАЗА #1: ПРИБИРАЊЕ НА НОМИНАЦИИ ЗА УЧЕСТВО
Е-трговците се номинираат најдоцна до 15.01.2026 во соодветните категории.
ФАЗА #2: ПРОВЕРКА И ОБЈАВА НА ПРИФАТЕНИТЕ НОМИНИРАНИ УЧЕСНИЦИ
Организаторот ги проверува сите пријави и ја објавува официјалната листа на прифатени номинирани учесници.
ФАЗА #3: ГЛАСАЊЕ ОД ЈАВНОСТА
Публиката гласа за своите фаворити и придонесува во вкупниот резултат на натпреварот. На 10-ти февруари, десетте или петте номинации (во зависност од бројот на номинирани) со најголем број гласови од јавноста во секоја категорија продолжуваат во вториот круг - гласање на жирито.
ФАЗА #4: ГЛАСАЊЕ ОД ЖИРИ КОМИСИЈА И ОБРАБОТКА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НАТПРЕВАРОТ
Стручната жири-комисија ги оценува номинираните. Потоа, организаторите ги сумираат поените од публиката и жири-комисијата во секоја категорија. Согласно поените се одредува ранг листата на финалисти и победници.
ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЦИ
Победниците се објавуваат и наградуваат на свечената гала манифестација во март 2026.
КАТЕГОРИИ НА НАТПРЕВАРОТ
Заинтересираните компании може да учествуваат во изборот во 18 категории.
Е-трговец на годината
Главната наградата на Ecommerce Awards за која може да се номинираат сите е-продавници.
Најпопуларна е-продавница
Во оваа категорија може да се номинираат сите е-продавници. Победникот во оваа категорија ќе биде одбран исклучително врз база на гласовите од јавноста.
Најдобра новоотворена е-продавница (отворена во 2025)
Во оваа категорија може да се номинираат сите компании кои отвориле своја е-продавница во текот на 2025 година.
Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање
Оваа категорија е наменета за номинација на е-продавници кои нудат брзо, едноставно и безбедно онлајн плаќање – со јасен checkout процес, повеќе начини на плаќање и минимални чекори до успешна трансакција.
Е-трговец со најдобра достава
Е-трговец со најдобра грижа за корисници
Во оваа категорија можат да се номинираат е-продавници кои сметаат дека брзо и професионално комуницираат со купувачите, нудат ефикасна поддршка пред и по купувањето и градат доверба преку одлична корисничка поддршка.
Е-трговец со најдобра содржина на социјални медиуми
Во оваа категорија може да се номинираат е-трговци кои имаат минимум 20.000 следбеници на двете мрежи Facebook и Instagram комбинирано и кои сметаат дека нивниот маркетинг на социјални медиуми е исклучителен и треба да биде препознаен.
Најдобра веб страница за плаќање на сметки
Во оваа категорија можат да се номинираат веб-страници кои овозможуваат онлајн плаќање на режиски трошоци и сметки, нудејќи едноставно, брзо и безбедно корисничко искуство.
Мобилна апликација за е-трговија на годината
Во оваа категорија можат да се номинираат компании со мобилна апликација за онлајн продажба.
Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци
Е-продавница за бела техника и електроника
Во оваа категорија можат да се номинираат е-продавници кои продаваат апарати за домаќинство, компјутери, телефони и останати апарати и електроника.
Е-продавница за храна и пијалаци
Во оваа категорија можат да се номинираат е-продавници кои продаваат храна, додатоци за исхрана, пијалоци, вклучително и онлајн супермаркети и платформи за нарачки и достава на храна.
Е-продавница за убавина, здравје и нега
Во оваа категорија можат да се номинираат е-продавници кои онлајн продаваат производи и услуги за убавина, лична нега и здравје – од козметика и суплементи до wellness и здравствени решенија.
Е-продавница за дом и градина, мебел и канцелариски материјали
За оваа категорија можат да се номинираат е-продавници кои продаваат мебел и покуќнина, алати и мебел за градина, канцелариски материјали и сл.
E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки
Во оваа категорија можат да се номинираат е-продавници кои продаваат облека за деца и бебиња, опрема за деца и бебиња, играчки и сл.
Е-продавница за услуги
Во оваа категорија може да се номинираат е-продавници кои нудат услуги како осигурување, хостинг, испорака, стриминг платформи, туристички услуги и сл.
E-продавница за уметност, култура, настани и едукација
Во оваа категорија можат да се номинираат е-продавници кои онлајн продаваат билети за настани, обуки и претстави, како и производи и содржини поврзани со уметност, култура и едукација – книги, уметнички дела, прибор за креативна работа и слично.
Маркетплејс и мулти е-продавница
Во оваа категорија може да се номинираат платформи и е-продавници кои нудат различни производи од повеќе брендови или продавачи. Тука спаѓаат маркетплејс платформи каде различни правни субјекти имаат свои продавници, како и мулти е-продавници кои нудат широк асортиман на производи од различни категории на производи, како облека, мебел, бела техника, електроника, авто-мото додатоци и сл.
зошто да се номинираш?
видливост пред 5000+ гласачи
Твојата продавница ќе добие внимание од илјадници потенцијални купувачи и професионалци.
КРЕДИБИЛИТЕТ кај купувачите
Беџовите кои ги добиваат финалистите и победниците на натпреварот се одлична алатка за зголемување на довербата помеѓу купувачите.
ОПСЕЖНА промоција
Со проценет досег од над 500.000 луѓе, E-commerce Awards нуди видливост каква што не ја обезбедува ниту една друга иницијатива во земјата.
биди дел од заедницата на успешни е-трговци
Мрежи, контакти и препознавање кои отвораат нови можности за раст и соработка, особено на свечената Гала церемонија каде што се слават најдобрите.
БЕНЕФИТИ ЗА финалисти
Компанитите кои се финалисти во соодветните категории добиваат:
- Промоција на социјалните медиуми на E-commerce Macedonia
- Присуство на Гала манифестација за наградување на најдобрите е-трговци во март 2026
- Дигитален беџ за финалист на E-commerce Awards 2025
- Видливост на веб-сајтот на E-commerce Awards
БЕНЕФИТИ ЗА победници 🏆
Компаниите кои се победници добиваат:
- Промоција на социјалните медиуми на E-commerce Macedonia
- Присуство на Гала манифестација за наградување на најдобрите е-трговци во март 2026
- Статуетка
- Дигитален беџ за победник на E-commerce Awards 2025
- 'Winner Talks' - снимање на кратко видео интервју со секој победник на гала манифестацијата