Категории

Наградите се многу повеќе од плакети – тие се препознавање на досегашната одлична работа и мотивација за уште подобра работа во иднина. E-commerce Awards трета година по ред ги препознава и наградува најдобрите во македонската е-трговија.

Заинтересираните компании може да учествуваат во изборот во 23 категории поделени во 3 секции. Секоја од нив носи своја вредност и тежина затоа што македонската е-трговија ја сочинуваат ислучителни компании, претприемачи и учесници без кои не би била тоа што е.

Пријавувањето се прави со пополнување на формулар и е бесплатно, а рокот за пријавување е до 10-ти јануари 2025.

Во продолжение прочитајте повеќе за секциите и категориите. Победниците ќе бидат прогласени на свечена церемонија за доделување.

Правилата за учество на E-commerce Awards може да ги прочитате ТУКА.

Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање

Ова се признанија за достигнувањата во одделни клучни аспекти во е-трговијата кои придонесуваат за издигнување на е-трговијата на повисоко ниво, подделени во 9 категории.

Во оваа категорија се номинирани е-продавници за онлајн шопинг кои интегрирале иновативни решенија кои го олеснуваат корисничкото искуство при онлајн плаќање.

Во оваа категорија се номинирани е-трговци кои интегрирале иновативни технологии и решенија за достава на пратки од е-трговија.

Во оваа категорија се номинирани е-продавници кои овозможуваат одлична, брза и ефикасна грижа за своите корисници.

За оваа категорија се номинирани е-трговци кои имаат минимум 20.000 следбеници на двете мрежи Facebook и Instagram комбинирано и кои сметаат дека нивниот маркетинг на социјални медиуми е исклучителен и треба да биде препознаен.

Во оваа категорија се номинирани компании за режиски трошоци и плаќање на сметки кои обезбедуваат беспрекорно искуство при плаќање на сметки онлајн.

Наградата ќе се додели според дизајнот, корисничкиот интерфејс, креативноста и оригиналноста на мобилната апликација.

Во оваа категорија се номинирани е-трговци кои продаваат и дома и надвор од границите на нашата земја.

Во оваа категорија се номинирани е-трговци кои поседуваат Беџ за верификуван е-трговец на својата веб страница.

Во оваа категорија се номинирани е-продавници кои се основани од жени.

Најдобри е-продавници по сектори

Во оваа секција внимателно ги одбравме 11-те сектори согласно понудата на македонскиот пазар.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат облека, обувки, модни додатоци и аксесоари како очила, накит, чанти онлајн.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат апарати за домаќинство, компјутери, телефони и останати апарати и електроника

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат храна, додатоци за исхрана, пијалоци, вклучително и онлајн супермаркети и платформи за нарачки и достава на храна

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат патувања, превозни услуги, туристички аранжмани и други туристички услуги

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои се бават со продажба на препарати за нега и убавина, производи и услуги за здравје.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат мебел и покуќнина, алати и мебел за градина, канцелариски материјали и сл.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат облека за деца и бебиња, опрема за деца и бебиња, играчки и сл.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои нудат услуги како осигурување, хостинг, стриминг платформи и други услуги.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат билети за настани, обуки, претстави, книги, слики, прибор за сликање и др. поврзано со уметност, култура, едукација и настани.

Во категоријата „Маркетплејс и мулти е-продавница“ може да се номинираат платформи и е-продавници кои нудат различни производи од повеќе брендови или продавачи. Тука спаѓаат маркетплејс платформи каде различни правни субјекти имаат свои продавници, како и мулти е-продавници кои нудат широк асортиман на производи од различни категории на производи, како облека, мебел, бела техника, електроника, авто-мото додатоци и сл.

За оваа категорија се номинирани е-огласници на кои може онлајн да се огласуваат, купуваат и продаваат најразлични производи и услуги.

Шампиони во е-трговија

Како што и самото име кажува ова е секцијата која ќе ги препознае шампионите кои неуморно работат и придонесуваат за македонската е-трговија.

Во оваа категорија се номинирани сите компании кои отвориле своја е-продавница во текот на 2024 година и кои сметаат дека нивните досегашни успеси треба да бидат препознаени и наградени.

Гласајте за вашата омилена е-продавница. Доделувањето на оваа награда ќе се базира исклучиво на гласовите од јавноста.

***Победникот за оваа категорија ќе биде одбран единствено на база на гласовите од јавноста

Главната наградата на Ecommerce Awards. Гласајте за е-трговецот кој сметате дека постигнал фантастични резултати на полето на е-трговија.