НОМИНИРАЈ СЕ И ИСТАКНИ СЕ ПОМЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТA Е-ТРГОВИЈА‎

Зад секоја успешна е-продавница стојат луѓето, технологијата и услугите што ја движат.‎ ‎

 

‎Од платформи и логистика, до маркетинг и финтек решенија – тие се моторот на е-трговијата. E-commerce Awards ги препознава токму е-трговците кои помагаат е-трговијата да расте, да се разивива, и кои создаваат навистина одлично искуство за своите купувачи.

‎Номинацијата е твоја шанса да покажеш како твојот бизнис влијае на купувачите и на целиот пазар и да станеш дел од заедницата што ја движи македонската е-трговија напред.

ФАЗИ НА НАТПРЕВАРОТ

23 декември 2025 - 15 јануари 2026
ФАЗА #1: ПРИБИРАЊЕ НА НОМИНАЦИИ ЗА УЧЕСТВО

Е-трговците се номинираат најдоцна до 15.01.2026 во соодветните категории.

22 јануари 2026
ФАЗА #2: ПРОВЕРКА И ОБЈАВА НА ПРИФАТЕНИТЕ НОМИНИРАНИ УЧЕСНИЦИ

Организаторот ги проверува сите пријави и ја објавува официјалната листа на прифатени номинирани учесници.

23 јануари – 10 февруари 2026
ФАЗА #3: ГЛАСАЊЕ ОД ЈАВНОСТА

Публиката гласа за своите фаворити и придонесува во вкупниот резултат на натпреварот. На 10-ти февруари, десетте или петте номинации (во зависност од бројот на номинирани) со најголем број гласови од јавноста во секоја категорија продолжуваат во вториот круг - гласање на жирито.

16 февруари – 24 февруари 2026
ФАЗА #4: ГЛАСАЊЕ ОД ЖИРИ КОМИСИЈА И ОБРАБОТКА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НАТПРЕВАРОТ

Стручната жири-комисија ги оценува номинираните. Потоа, организаторите ги сумираат поените од публиката и жири-комисијата во секоја категорија. Согласно поените се одредува ранг листата на финалисти и победници.

март 2026
ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЦИ

Победниците се објавуваат и наградуваат на свечената гала манифестација во март 2026.

КАТЕГОРИИ НА НАТПРЕВАРОТ

Заинтересираните компании може да учествуваат во изборот во 18 категории.

Главната наградата на Ecommerce Awards. 

Гласајте за вашата омилена е-продавница. Победникот во оваа категорија ќе биде одбран исклучително врз база на гласовите од јавноста.

Во оваа категорија може да се номинираат сите компании кои отвориле своја е-продавница во текот на 2025 година.

Во оваа категорија се номинирани е-продавници за онлајн шопинг кои интегрирале иновативни решенија кои го олеснуваат корисничкото искуство при онлајн плаќање.

Во оваа категорија се номинирани е-трговци кои интегрирале иновативни технологии и решенија за достава на пратки од е-трговија.

Во оваа категорија се номинирани е-продавници кои овозможуваат одлична, брза и ефикасна грижа за своите корисници.

За оваа категорија се номинирани е-трговци кои имаат минимум 20.000 следбеници на двете мрежи Facebook и Instagram комбинирано и кои сметаат дека нивниот маркетинг на социјални медиуми е исклучителен и треба да биде препознаен.

Во оваа категорија се номинирани компании за режиски трошоци и плаќање на сметки кои обезбедуваат беспрекорно искуство при плаќање на сметки онлајн.

Наградата ќе се додели според дизајнот, корисничкиот интерфејс, креативноста и оригиналноста на мобилната апликација.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои онлајн продаваат облека, обувки, модни додатоци и аксесоари како очила, накит и чанти.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат апарати за домаќинство, компјутери, телефони и останати апарати и електроника.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат храна, додатоци за исхрана, пијалоци, вклучително и онлајн супермаркети и платформи за нарачки и достава на храна

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои се бават со продажба на препарати за нега и убавина, производи и услуги за здравје.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат мебел и покуќнина, алати и мебел за градина, канцелариски материјали и сл.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат облека за деца и бебиња, опрема за деца и бебиња, играчки и сл.

Во оваа категорија може да се номинираат е-продавници кои нудат услуги како осигурување, хостинг, испорака, стриминг платформи, туристички услуги и сл.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат билети за настани, обуки, претстави, книги, слики, прибор за сликање и др. поврзано со уметност, култура, едукација и настани.

Во оваа категорија може да се номинираат платформи и е-продавници кои нудат различни производи од повеќе брендови или продавачи. Тука спаѓаат маркетплејс платформи каде различни правни субјекти имаат свои продавници, како и мулти е-продавници кои нудат широк асортиман на производи од различни категории на производи, како облека, мебел, бела техника, електроника, авто-мото додатоци и сл.

НОМИНАЦИИТЕ СЕ ЗАВРШЕНИ

Методологија за избор

Со цел да сте подобро запознаени со изборот на најдобрите во македонската е-трговија, победниците се избираат според прикажаната формула која ги комбинир агласовите од јавноста и жирито, освен за категоријата ‘Најпопуларна е-продавница’ која се избира само од гласовите на публиката.

СÈ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА E-COMMERCE AWARDS

ШТО СЕ E-COMMERCE AWARDS и која е нивната цел?

E-commerce Awards е национален избор за најдобрите во македонската е-трговија, организиран од Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ), со цел да се препознаат и наградат најдобрите е-трговци, да се промовира е-трговијата и да се поттикне нејзино унапредување и конкурентностa.

Правни субјекти регистрирани во Северна Македонија кои имаат овозможено онлајн плаќање и вршат онлајн продажба на производи и/или услуги.

Да, пријавувањето и учеството на натпреварот е бесплатно.

Преку пополнување на официјалниот формулар за номинации на веб-страницата ecommerceawards.mk

Да, бројот на категории зависи од секцијата во која се пријавувате. Во секциите „Најдобри е-трговци по аспекти“ и „Најдобри е-продавници по сектори“ може да се номинирате во најмногу 2 категории, додека во секцијата „Шампиони во е-трговија“ може да се номинирате во сите 3 категории.

Со помош на транспарентна методологија и комбинирана формула: 60% гласови од јавноста и 40% од жири комисијата (освен за „Најпопуларна е-продавница“ која се избира целосно според гласови од публиката).

Во март 2026 година, на официјалната церемонија на E-commerce Awards и веб-страницата ecommerceawards.mk

Ecommerce Awards
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.