НОМИНИРАЈ СЕ И ИСТАКНИ СЕ ПОМЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТA Е-ТРГОВИЈА
Зад секоја успешна е-продавница стојат луѓето, технологијата и услугите што ја движат.
Од платформи и логистика, до маркетинг и финтек решенија – тие се моторот на е-трговијата. E-commerce Awards ги препознава токму е-трговците кои помагаат е-трговијата да расте, да се разивива, и кои создаваат навистина одлично искуство за своите купувачи.
Номинацијата е твоја шанса да покажеш како твојот бизнис влијае на купувачите и на целиот пазар и да станеш дел од заедницата што ја движи македонската е-трговија напред.
ФАЗИ НА НАТПРЕВАРОТ
ФАЗА #1: ПРИБИРАЊЕ НА НОМИНАЦИИ ЗА УЧЕСТВО
Е-трговците се номинираат најдоцна до 15.01.2026 во соодветните категории.
ФАЗА #2: ПРОВЕРКА И ОБЈАВА НА ПРИФАТЕНИТЕ НОМИНИРАНИ УЧЕСНИЦИ
Организаторот ги проверува сите пријави и ја објавува официјалната листа на прифатени номинирани учесници.
ФАЗА #3: ГЛАСАЊЕ ОД ЈАВНОСТА
Публиката гласа за своите фаворити и придонесува во вкупниот резултат на натпреварот. На 10-ти февруари, десетте или петте номинации (во зависност од бројот на номинирани) со најголем број гласови од јавноста во секоја категорија продолжуваат во вториот круг - гласање на жирито.
ФАЗА #4: ГЛАСАЊЕ ОД ЖИРИ КОМИСИЈА И ОБРАБОТКА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НАТПРЕВАРОТ
Стручната жири-комисија ги оценува номинираните. Потоа, организаторите ги сумираат поените од публиката и жири-комисијата во секоја категорија. Согласно поените се одредува ранг листата на финалисти и победници.
ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЦИ
Победниците се објавуваат и наградуваат на свечената гала манифестација во март 2026.
КАТЕГОРИИ НА НАТПРЕВАРОТ
Заинтересираните компании може да учествуваат во изборот во 18 категории.
Е-трговец на годината
Најпопуларна е-продавница
Гласајте за вашата омилена е-продавница. Победникот во оваа категорија ќе биде одбран исклучително врз база на гласовите од јавноста.
Најдобра новоотворена е-продавница (отворена во 2025)
Во оваа категорија може да се номинираат сите компании кои отвориле своја е-продавница во текот на 2025 година.
Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање
Во оваа категорија се номинирани е-продавници за онлајн шопинг кои интегрирале иновативни решенија кои го олеснуваат корисничкото искуство при онлајн плаќање.
Е-трговец со најдобра достава
Е-трговец со најдобра грижа за корисници
Во оваа категорија се номинирани е-продавници кои овозможуваат одлична, брза и ефикасна грижа за своите корисници.
Е-трговец со најдобра содржина на социјални медиуми
За оваа категорија се номинирани е-трговци кои имаат минимум 20.000 следбеници на двете мрежи Facebook и Instagram комбинирано и кои сметаат дека нивниот маркетинг на социјални медиуми е исклучителен и треба да биде препознаен.
Најдобра веб страница за плаќање на сметки
Во оваа категорија се номинирани компании за режиски трошоци и плаќање на сметки кои обезбедуваат беспрекорно искуство при плаќање на сметки онлајн.
Мобилна апликација за е-трговија на годината
Наградата ќе се додели според дизајнот, корисничкиот интерфејс, креативноста и оригиналноста на мобилната апликација.
Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци
Е-продавница за бела техника и електроника
За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат апарати за домаќинство, компјутери, телефони и останати апарати и електроника.
Е-продавница за храна и пијалаци
За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат храна, додатоци за исхрана, пијалоци, вклучително и онлајн супермаркети и платформи за нарачки и достава на храна
Е-продавница за убавина, здравје и нега
За оваа категорија се номинирани е-продавници кои се бават со продажба на препарати за нега и убавина, производи и услуги за здравје.
Е-продавница за дом и градина, мебел и канцелариски материјали
За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат мебел и покуќнина, алати и мебел за градина, канцелариски материјали и сл.
E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки
За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат облека за деца и бебиња, опрема за деца и бебиња, играчки и сл.
Е-продавница за услуги
Во оваа категорија може да се номинираат е-продавници кои нудат услуги како осигурување, хостинг, испорака, стриминг платформи, туристички услуги и сл.
E-продавница за уметност, култура, настани и едукација
За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат билети за настани, обуки, претстави, книги, слики, прибор за сликање и др. поврзано со уметност, култура, едукација и настани.
Маркетплејс и мулти е-продавница
Во оваа категорија може да се номинираат платформи и е-продавници кои нудат различни производи од повеќе брендови или продавачи. Тука спаѓаат маркетплејс платформи каде различни правни субјекти имаат свои продавници, како и мулти е-продавници кои нудат широк асортиман на производи од различни категории на производи, како облека, мебел, бела техника, електроника, авто-мото додатоци и сл.
НОМИНИРАЈ ЈА СВОЈАТА
Е-ПРОДАВНИЦА
Методологија за избор
Со цел да сте подобро запознаени со изборот на најдобрите во македонската е-трговија, победниците се избираат според прикажаната формула која ги комбинир агласовите од јавноста и жирито, освен за категоријата ‘Најпопуларна е-продавница’ која се избира само од гласовите на публиката.
"(Задолжително)" indicates required fields
СÈ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА E-COMMERCE AWARDS
ШТО СЕ E-COMMERCE AWARDS и која е нивната цел?
E-commerce Awards е национален избор за најдобрите во македонската е-трговија, организиран од Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ), со цел да се препознаат и наградат најдобрите е-трговци, да се промовира е-трговијата и да се поттикне нејзино унапредување и конкурентностa.
КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА НА e-commerce awards 2025?
Правни субјекти регистрирани во Северна Македонија кои имаат овозможено онлајн плаќање и вршат онлајн продажба на производи и/или услуги.
ДАЛИ ПРИЈАВУВАЊЕТО НА НАТПРЕВАРОТ Е БЕСПЛАТНО?
Да, пријавувањето и учеството на натпреварот е бесплатно.
КАКО МОЖАМ ДА СЕ НОМИНИРАМ?
Преку пополнување на официјалниот формулар за номинации на веб-страницата ecommerceawards.mk
дали можам да се пријавам во повеќе категории?
Да, бројот на категории зависи од секцијата во која се пријавувате. Во секциите „Најдобри е-трговци по аспекти“ и „Најдобри е-продавници по сектори“ може да се номинирате во најмногу 2 категории, додека во секцијата „Шампиони во е-трговија“ може да се номинирате во сите 3 категории.
КАКО СЕ ИЗБИРААТ ПОБЕДНИЦИТЕ?
Со помош на транспарентна методологија и комбинирана формула: 60% гласови од јавноста и 40% од жири комисијата (освен за „Најпопуларна е-продавница“ која се избира целосно според гласови од публиката).
КОГА ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ ПОБЕДНИЦИТЕ?
Во март 2026 година, на официјалната церемонија на E-commerce Awards и веб-страницата ecommerceawards.mk