5. ЕДИЦИЈА
ПРОГЛАСУВАЊЕ ПОБЕДНИЦИ: МАРТ 2025

5 ГОДИНИ ПО РЕД

ГИ СЛАВИМЕ НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА Е-ТРГОВИЈА

Биди дел од изборот на најдобрите е-трговци во 18 категории за 2025 година
ЈУБИЛЕЈНА ЕДИЦИЈА
0
НОМИНИРАНИ Е-ТРГОВЦИ ГОДИШНО
0 +
КАТЕГОРИИ
0
Гласови годишно
0 +

ЗА E-COMMERCE AWARDS

E-commerce Awards е високо реномирана иницијатива која ја препознава и наградува извонредноста во македонската е-трговија од 2020 година, годинава одбележувајќи ја својата 5-та јубилејна издание.

Целта на иницијативата е да го поттикне натпреварувачкиот дух, да ги промовира најдобрите практики и да го унапреди растот и развојот на е-трговијата во земјата. Со темелна методологија развиена според глобалните стандарди, секоја година се избираат најдобрите е-трговци, земајќи ги предвид и гласовите на јавноста и оценките од внимателно избрана, професионална жири комисија.

КАТЕГОРИИ НА НАТПРЕВАРОТ

Заинтересираните компании може да учествуваат во изборот во 18 категории.

Главната наградата на Ecommerce Awards. 

Гласајте за вашата омилена е-продавница. Победникот во оваа категорија ќе биде одбран исклучително врз база на гласовите од јавноста.

Во оваа категорија може да се номинираат сите компании кои отвориле своја е-продавница во текот на 2025 година.

Во оваа категорија се номинирани е-продавници за онлајн шопинг кои интегрирале иновативни решенија кои го олеснуваат корисничкото искуство при онлајн плаќање.

Во оваа категорија се номинирани е-трговци кои интегрирале иновативни технологии и решенија за достава на пратки од е-трговија.

Во оваа категорија се номинирани е-продавници кои овозможуваат одлична, брза и ефикасна грижа за своите корисници.

За оваа категорија се номинирани е-трговци кои имаат минимум 20.000 следбеници на двете мрежи Facebook и Instagram комбинирано и кои сметаат дека нивниот маркетинг на социјални медиуми е исклучителен и треба да биде препознаен.

Во оваа категорија се номинирани компании за режиски трошоци и плаќање на сметки кои обезбедуваат беспрекорно искуство при плаќање на сметки онлајн.

Наградата ќе се додели според дизајнот, корисничкиот интерфејс, креативноста и оригиналноста на мобилната апликација.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои онлајн продаваат облека, обувки, модни додатоци и аксесоари како очила, накит и чанти.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат апарати за домаќинство, компјутери, телефони и останати апарати и електроника.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат храна, додатоци за исхрана, пијалоци, вклучително и онлајн супермаркети и платформи за нарачки и достава на храна

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои се бават со продажба на препарати за нега и убавина, производи и услуги за здравје.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат мебел и покуќнина, алати и мебел за градина, канцелариски материјали и сл.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат облека за деца и бебиња, опрема за деца и бебиња, играчки и сл.

Во оваа категорија може да се номинираат е-продавници кои нудат услуги како осигурување, хостинг, испорака, стриминг платформи, туристички услуги и сл.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат билети за настани, обуки, претстави, книги, слики, прибор за сликање и др. поврзано со уметност, култура, едукација и настани.

Во оваа категорија може да се номинираат платформи и е-продавници кои нудат различни производи од повеќе брендови или продавачи. Тука спаѓаат маркетплејс платформи каде различни правни субјекти имаат свои продавници, како и мулти е-продавници кои нудат широк асортиман на производи од различни категории на производи, како облека, мебел, бела техника, електроника, авто-мото додатоци и сл.

зошто да се номинираш?

видливост пред 5000+ гласачи

Твојата продавница ќе добие внимание од илјадници потенцијални купувачи и професионалци.

КРЕДИБИЛИТЕТ кај купувачите

Беџовите кои ги добиваат финалистите и победниците на натпреварот се одлична алатка за зголемување на довербата помеѓу купувачите.

ОПСЕЖНА промоција

Со проценет досег од над 500.000 луѓе, E-commerce Awards нуди видливост каква што не ја обезбедува ниту една друга иницијатива во земјата.

биди дел од заедницата на успешни е-трговци

Мрежи, контакти и препознавање кои отвораат нови можности за раст и соработка, особено на свечената Гала церемонија каде што се слават најдобрите.

БЕНЕФИТИ ЗА победници

Компаниите кои се победници добиваат:

БЕНЕФИТИ ЗА финалисти

Компанитите кои се финалисти во соодветните категории добиваат: